Кижи (остров)
![](https://cdn.statically.io/img/upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c8/%D0%A6%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%8C_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%8F_%D0%93%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D1%8F_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5_%D0%9A%D0%B8%D0%B6%D0%B8_%D0%B2%D0%B8%D0%B4_%D1%81_%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%91%D1%82%D0%B0.jpg/181px-%D0%A6%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%8C_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%8F_%D0%93%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D1%8F_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5_%D0%9A%D0%B8%D0%B6%D0%B8_%D0%B2%D0%B8%D0%B4_%D1%81_%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%91%D1%82%D0%B0.jpg)
Кижи ( руски: Кижи, карел. ) е остров во езерото Онега, во североисточна Русија, во Република Карелија .
Островот Кижи е долг 7 километри и широк 500 метри. Опкружен е со околу 5.000 мали острови, од кои некои не се со пречник поголем од 2 метри. Островот е населен подолго време а денес на него живеат околу сто луѓе во две села.
Киџи е познат во светот по комплексот на две цркви од 18 век и октагона камбанарија направена од дрво. Црквата Преображение датира од 1714 година ,има 22 куполи кои формираат еден вид пирамида. Во црквата има барокен иконостас. Црквата Богородица со 9 куполи е изградена во 1764 година, целосно од дрво.
Островот има и најстара руска ветерница и музеј на архитектура на дрво на отворено.
Овој исклучителен споменик на традиционална архитектура датира од 1990 година. запишан е на списокот на светско наследство на УНЕСКО .
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Панорама
-
Преображение црква
-
Капела на Свети Лазар
-
Ветерница