Прејди на содржината

Зад непријателските линии (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зад непријателските линии - американски филм, во режија на Џон Мур. Главните улоги ги толкуваат: Овен Вилсон, Џин Хекман, итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Поручникот Крис Барнет (го игра Вилсон) е воен пилот кој е нестрплив да учествува во воени акции, наместо да изведува секојдневни рутински летови од носачот на авиони, стациониран на Јадранското Море. Еднаш, неговиот заповедник, адмиралот Рејграф (го игра Хекман) го ��спраќа во извидувачки лет над Босна. Барнет лета над забранетата зона и открива нешто што светот не сака да го види: движење на српската војска и масовни гробници. Меѓутоа, неговиот авион е соборен, по што српските војници го стрелаат неговиот соборец од авионот. Потоа започнува голема и долга потера по Барнет, кого американската армија го остава самиот да се снаоѓа. Сепак, Барнет успева да побегне, а во последен миг, адмиралот Рејграф испраќа три хеликоптери, кои ја уништуваат српската војска и го спасуваат Барнет.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Зад непријателските линии“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 12.